Хутите се заканија дека сите американски бродови ќе бидат нивна мета
Портпаролот на Хутите, Насрулдин Амер најави дека ќе ги прошират своите цели на американските бродови.
– Бродот не мора нужно да плови кон Израел за ние да го таргетираме, доволно е што е американски. На САД им се заканува губење на поморската безбедност, наведе Амер.
Тој истакна дека британските и американските бродови станале легитимни цели поради нападите што двете земји ги почнаа во Јемен.
Претходно Хутите презедоа одговорност за денешниот напад врз американски товарен брод во Аденски Залив.
Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа изјави дека нивните поморски сили спровеле воена операција во која со проектили гаѓале американски брод во Аденски Залив. Тој додаде дека неизбежно ќе следи одговор на американските и британските напади и дека секој таков напад ќе биде казнет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…