Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј со честитка до г.г. Стефан по повод неговиот именден

Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј испрати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, по повод неговиот именден. Вашиот именден, се наведува во честитката до г.г Стефан „дава повод да ги пофалиме: Вашата непоколеблива верност кон Светата Христова Велика Црква, ненамалениот интерес за богољубивото функционирање на црковните работи, и Вашата добра борба за христоподобното сведоштво во светот со благонаклонливо уво за знаците на времињата“.
Во продолжение ја пренесуваме содржината на честитката:
„Преосвештен Архиепископе Охридски, во Светиот Дух возљубен брату и сослужителу на нашата Смиреност, господине Стефане, благодат и мир од Бога на вашето Преосвештенство.
Заедно радувајќи се во одбележувањето на Вашиот именден, Ви ги упатуваме срдечните поздрави и честитки на Вселенската Патријаршија и од мене лично.
За полнотата на православните, празниците се време за славословие на дародавецот Бог, Кој сè гледа. Истовремено, тие се прилика за општење и заедничарење во животот и во радоста, за духовно обновување и за егзистенцијално хранење. Вашиот именден дава повод да ги пофалиме: Вашата непоколеблива верност кон Светата Христова Велика Црква, ненамалениот интерес за богољубивото функционирање на црковните работи, и Вашата добра борба за христоподобното сведоштво во светот со благонаклонливо уво за знаците на времињата.
Во овој дух, молејќи Му се на нашиот Бог и Спасител Исус Христос да Ви дарува крепко здравје, неуморна сила и секој вишен благослов, за плодно продолжување, што подолго, на Вашата црковна служба, во слава на името на Оној Кој е над секое име, ве целиваме со свет целив и остануваме со исклучителна чест и со длабока љубов во Господа.
На многу години, Преосвештен брате!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј со честитка до…
Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј испрати честитка до…
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување…
Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите…
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Вселенскиот патријарх ја нападна Руската православна црква:…
Духовниот водач на православните христијани денеска изјави…