Царина заплени 30 илјади евра на ГП Богородица
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.
26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло.
Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30 илјади се задржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина заплени 30 илјади евра на ГП…
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија…
Запленети се 7.800 евра кои македонски државјанин…
Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија…
На ГП Богородица запленет златен накит во…
Над еден килограм златен накит во вредност…
Царина заплени 22 часовници вредни 272 илјади…
Запленети се 22 часовници вредни 272 илјади…
Во голема полициска акција во Албанија запленет…
Во голема полициска акција, во содејство со…