Царина заплени 30 илјади евра на ГП Богородица

t

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.

26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло.

Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30 илјади се задржани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…

Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…

Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…

Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…

Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…

Со владината одлука за дополнително намалување и…

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…