Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на скопскиот аеродром
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.
„Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал”, истакна Николовски.
Двете страни се согласија дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката се со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…