Царинската управа заплени автобус со специјално конструиран изменет простор за криење на стоки
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока, информира Царинската управа.
Имено, на ден 08.09.2023, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.
Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.
Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети 453 штеки цигари и 200 килограми…
Од МВР информираат дека при извршена контрола…
Обвинителството бара притвор за лицата кои пренесуваа…
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…
Српската царина заплени 19 тони шверцувани парфеми
Српската царина завчера при преглед на стока…
Трамп вечерва одлучува дали ќе воведе царини…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Трамп презема мерки: Најави воведување царини за…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…