Царинската управа заплени автобус со специјално конструиран изменет простор за криење на стоки
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока, информира Царинската управа.
Имено, на ден 08.09.2023, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.
Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.
Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…
Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…
Трагедија во Турција: Се преврте туристички автобус,…
Четири лица загинаа, а 15 се повредени,…
Осуммина загинати откако автобус се излизга од…
Осум лица загинаа, меѓу кои и едно…
Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…
Со владината одлука за дополнително намалување и…
Училишен автобус се удри во воз во…
Неколку лица загинале откако воз се судрил…