Целата јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски го одобрува и ги поддржува насилниците
Целата јавност го осуди инцидентот во кој беше извршено насилство врз градоначалничката на Скопје, само Мицкоски го одобрува. Како и во сите досегашни ситуации кога се соочува со критика, Мицкоски ја обвинува СДСМ и креира нови поделби, реагираат од опозициската партија.
Целосното соопштение на СДСМ го пренесуваме во продолжение:
Мицкоски со тоа признава дека го одобрува насилството, а можеби и стои директно зад насилниците. Мицкоски е познат по заканите и тоа не би било воопшто чудно. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача: секој кој ќе се дрзне да го открие криминалот на оваа Влада ќе се соочи со закана и заплашување.
Се враќа ВМРО-МВРО на голема врата, но Мицкоски треба да знае дека таков систем граѓаните еднаш поразија и ќе го поразат повторно. Нема место за нов режим во нашето општество.
Мицкоски секојдневно го покажува своето авторитарно лице, нешто на кое СДСМ со месеци предупредува. ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе се соочи со критика или со откривање на криминал прибегнува кон репресија, тепање и закани.
СДСМ нема да молчи кога се во прашање слободата, безбедноста и злоупотребите. Никој не смее да живее во страв и никој не смее да се плаши да пријави криминал на власта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Целата јавност го осуди насилството над Арсовска,…
Целата јавност го осуди инцидентот во кој…
Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони…
Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија во…
СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални…
СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални…
СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот…
За една година Владата на ВМРО ДПМНЕ…
СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра…
Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни…