Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

t

Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија во Кочани се огромни, СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче,на денешната средба со членовите на општинската организација на СДСМ во Кочани. На средбата се разговараше за потребата од државна поддршка за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден предлог на СДСМ за помош за Кочани додека паралелно Владата на ВМРО ДПМНЕ си ги зголемува сопствените трошоци.

Предложивме закон за финансиска помош за семејствата од Кочани. Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и мнозинството. Тешко е да се прифати дека истата таа власт денес троши 1.8 милиони евра на кампањи, брошури, кетеринзи и тотеми и себепромоција, но не прифаќа да обезбеди средства за семејствата на настраданите” , рече Филипче.

На средбата тој посочи дека СДСМ
ќе биде сѐ погласен и секогаш поприсутен меѓу народот.

“Ќе продолжиме да се бориме за Кочани, да се слуша нивниот глас, и да се избориме за поддршката што ја заслужуваат. Ова не е политичко прашање, туку човечко.Ќе бидеме силен противник на оваа неспособна власт и заштитник на граѓаните, кои заслужуваат одговорна и правична држава”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…

Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…

Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…