Цела фамилија на државна ци*ка: Татко на министер и поранешен директор на УБК кој го именуваше Заев ќе го советуваат Мицкоски

Љупчо Андоновски и Горан Николовски Џони, поранешни директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), ќе го советуваат премиерот Христијан Мицкоски за безбедноста. Владата во текот на вчерашниот ден ја објави листата на лица кои до сега се назначени за советници на премиерот.
Межу нив е и таткото на Стефан Андоновски, актуелниот министер за дигитална трансформација, но татко и на Игор Андоновски, новиот началник на Агенцијата за национална безбедност за Град Скопје. Таму, неофицијално, бил унапреден во декември, од началник на единицата на АНБ – Гази Баба, каде што бил поставен во август. Освен синот на Андоновски во АНБ, неофицијално, во АНБ работи и сопругата на другиот советник на премиерот, Николовски.
Владата на Заев го именуваше Николовски за директор на УБК
Николовски за нов директор на УБК беше именуван од Владата предводена од Зоран Заев, по смената на власта, иако Николовски беше на високи позиции во УБК, беше и во времето на Мијалков. Според јавно објавената биографија за него, од 2001 година бил началник на Секторот за контратероризам, во 2013 година станува началник на Одделот за контраразузнавање, а во 2015 година станал помошник директор за контраразузнавање. Додека тој беше на чело на оваа служба, се спроведе референдумот за промена на уставното име, а пред референдумот, Николовски јавно зборуваше дека Русија има влијание врз граѓанското изјаснување и дека тоа е предмет на истрага.
ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година ја обвинуваше УБК дека го следела поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а со службени белешки на УБК, за кои обвинетите тврдеа дека се лажни, им беше продолжуван притворот на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.
–Кој издал наредба УБК да го следи претседателот на државата и неговите активности? Кој ја издал наредбата за следење на Јанакиески и на Божиновски и монтирање политички конструкции во службени белешки? Колку и какви сè белешки собира УБК за работењето на претседателот Иванов? Дали се злоупотребува УБК за да се фингираат политички мотивирани судски одлуки? Колку, но и против кој сè се подготвуваат вакви и слични конструкции? Кои се другите лица од опозицијата што се предмет на следење и обработка од УБК и други служби, но и кој ги составува списоците на „политички неподобните“ што треба да бидат следени? Колкава штета трпи безбедноста на државата додека УБК се расправа со политички партии и неистомисленици на СДСМ наместо со вистинските безбедносни предизвици? – прашуваше тогаш партискиот портпарол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Цела фамилија на државна ци*ка: Татко на…
Љупчо Андоновски и Горан Николовски Џони, поранешни директори на…
Владата конечно ги објави советниците на Мицкоски,…
Владата ги објави имињата на надворешните советници…
Мицкоски за сега има 17 советници, имаат…
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…