Цело Кочани и околниот регион е без струја, претходно прекини имало и во Струмица
Инфомакс дознава дека во моментот цело Кочани е без електрична енергија. Кочанчани велат дека без електрична енергија се веќе половина час, а струја нема ни во Чешиново – Облешево.
Претходно нашите информации велат дека на неколку пати снемало електрична енергија и во Струмица, но по краткиот прекин се вратила.
Без електрична енергија денеска од 08:30 до 13:30 часот ќе остранат корисниците од ул.1 Мралино во општина Илинден), а во периодот од 09:00 до 11:00 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците Васил Ѓоргов, Народен Фронт, Јуриј Гагарин во општина Центар.
Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на ул.Иван Хаџиниколов во општина Кисела Вода, од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул.Московска околу Аптека Зегин во општина Карпош, од 09:00 до 16:00 корисниците од Горно Оризари, Глуво, Рудникот на Гранит во с.Бразда во општина Чучер Сандево, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците 5 и 7 во Јурумлери општина Гази Баба, утринава соопшти ЦУК.
Пред два дена во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираа од АД МЕПСО.
„Бугарија докажа не само со зборови, туку и со конкретни дела, дека е гарант за безбедноста на енергетските мрежи не само на територијата на земјата, туку и во целиот регион“. Ова го изјавил бугарскиот министер за енергетика, Жечо Станков на брифинг за пријавениот прекин на електричната енергија во делови од Македонија и Србија.
Како што изјавил тамошниот министер за бугарските медиуми, во раните утрински часови денес, системот во регионот и соседните земји се соочувал со големи предизвици – со високи напони поради малата потрошувачка во мрежите и големата количина на реактивна енергија.
-На територијата на Бугарија имаме 90 проценти од компензаторните капацитети на оваа реактивна енергија и успеавме да ги совладаме сите процеси за да можеме да ги поддржиме и нашите соседни земји. Во Македонија, мрежите делумно откажаа, а ние моментално помагаме во нивното обновување преку бугарскиот систем, рекол министерот, додавајќи дека има барање до нив да го вратат напонот и на други 110 киловолтни далноводи покрај „Беласица“.
-Нашиот систем останува стабилен бидејќи имаме и производствени и компензациски капацитети на територијата на земјата, додал бугарскиот министер.
Високите напони во електродистрибутивната мрежа причина поголем дел од земјава да остане без струја, велат од МЕПСО. Појаснуваат дека ова е европски и регионален проблем со кој се соочуваат сите преносни системи поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија. Екипите го нормализираа напојувањето, но продолжуваат да работат на стабилноста на електроенергетскиот систем.
Неколку градови во земјава, меѓу кои и Скопје, речиси час и половина останаа без струја пре два дена.
Поради големото производство на електрична енергија од фотоволтаиците и обновливите извори на енергија, енергетскиот систем беше пред колапс и околу велигденските празници и по одлука на РКЕ беа исклучени од систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…