Цената на кромидот на пазарите достига 100 денари за килограм

t

Расте цената на кромидот, на Градскиот пазар во Штип денеска се продаваше по цена од 80 до 100 денари за килограм. Земјоделците и трговците велат дека стариот кромид е увозен и затоа сè уште држи висока цена, наспроти краставиците и доматите кои бележат мал пад на цените.

Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев вели дека 90 отсто од краставиците и доматите кои се нудат на пазарот се увозни од Грција и Албанија. Забележува дека домашниот зеленчук е прва класа, но го има во помали количини, наспроти увозниот, кој е втора и трета класа.

-Од увоз производите се втора и трета класа, не се прва класа и затоа ја рушат цената на домашното производство. Нашите оранжерии поради високите сметки за струја го намалија производството, плашејќи се од зголемените производствени трошоци и затоа немаме доволно количина, вели Колев.

Посочува дека цените на зеленчукот се очекува да паѓаат на крајот на април или почетокот на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Графикон: Кина целосно го презема рускиот пазар…

На графиконот се гледа како Кина целосно…

Цената на кромидот на пазарите достига 100…

Расте цената на кромидот, на Градскиот пазар…

Ковачевски го посети пазарот во Ѓорче Петров:…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се прошета низ…

(Видео) Огромен пожар во најголемиот пазар во…

Во Харков гори најголемиот пазар во источна…

Крипто валутите во слободен пад: Зошто постојано…

Крипто пазарот е под голем притисок и…