Ковачевски го посети пазарот во Ѓорче Петров: Нашата храна е нашето богатство, даваме поддршка за земјоделците

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се прошета низ пазарот во општината Ѓорче Петров и констатираше дека македонските земјоделци произведуваат најдобри производи. Ковачевски наполни неколку ќеси со јаболки и останати намирници, но не се знае дали прашал дали обичните луѓе на пазарот имале со што да купат храна…

– Пазарот во Ѓорче е еден од поубавите пазари во Скопје. Благодарност до пазарџиите и земјоделците кои се тука секојдневно да ни обезбедат свежи и убави домашни овошја и зеленчуци.

Нашите јаболки се најмиризливи, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна храна е нашето богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, затоа и годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна.

Даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме. Затоа воведовме нов модел на субвенции обезбедуваме капитални инвестиции, советодавни услуги за пристап до европски фондови но поддршка за вложување во човечки ресурси.

Подготвени сме за соочување со сите предизвици, никој нема да биде оставен сам, напиша Ковачевки на Фејсбук каде сподели и неколку фотографии од посетата на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…