Црвена младина: На УМС на ДПМНЕ ништо не им е поважно од партиско вработување!
Додека стотици млади, квалификувани луѓе без партиска книшка ја напуштаат државата поради тоа што не можат да бидат примени на наместените конкурси за вработување, потпретдедателот на УМС Филип Ѓорѓиев штотуку беше вработен во М-НАВ, реагира подмладокот на Левица.
– УМС на ДПМНЕ, уште еднаш покажува дека не е ништо повеќе од организација што служи за партиски да ги вработува децата на вмровските функционери и нивните партиски лепачи на плакати.
Во меѓувреме, други млади луѓе, иако со завршено образование и подготвеност за работа, биле одбиени на овој конкурс, за да може да се вработи уште еден вмровски кадар кој ќе прима плата од државниот буџет, и да продолжи децениското вмровско паразитирање врз државата.
Дел од огласот бил дури и реобјавен на 16 јули, откако постоела опасност да бидат избрани непартиски кандидати. Интервјуата биле спроведени само од директори на Управниот одбор на М-НАВ, без никакви независни набљудувачи или претставници од синдикатот.
Институција како М-НАВ, каде што безбедноста, стручноста и одговорноста треба да се темел, се претвора во место за вработување на УМС.
Ова е навреда за секој млад човек кој верува дека образованието и вложениот труд се доволни компетенции за вработување, и уште еден потег кој ќе придонесе младите луѓе да продолжат забрзано да се селат од Македонија.
Црвена Младина бара:
Јавно објавување на комплетната документација и постапка, поврзана со спорниот оглас.
Кривична и институционална одговорност за злоупотреба на службена положба.
Итна транспарентност, департизација и јавна контрола врз сите државни институции.
ДОСТА Е!
М-НАВ не е ничија партиска филијала, туку институција од витално значење за јавната безбедност. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црвена младина: На УМС на ДПМНЕ ништо…
Додека стотици млади, квалификувани луѓе без партиска…
Град Скопје до ВМРО-ДПМНЕ: Службеници на Тошковски…
Град Скопје одговори на денешните прозивки од…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски,…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното…
СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра…
Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши…
Вадењето на јазикот од извештајот не е…