Црвена младина: На УМС на ДПМНЕ ништо не им е поважно од партиско вработување!
Додека стотици млади, квалификувани луѓе без партиска книшка ја напуштаат државата поради тоа што не можат да бидат примени на наместените конкурси за вработување, потпретдедателот на УМС Филип Ѓорѓиев штотуку беше вработен во М-НАВ, реагира подмладокот на Левица.
– УМС на ДПМНЕ, уште еднаш покажува дека не е ништо повеќе од организација што служи за партиски да ги вработува децата на вмровските функционери и нивните партиски лепачи на плакати.
Во меѓувреме, други млади луѓе, иако со завршено образование и подготвеност за работа, биле одбиени на овој конкурс, за да може да се вработи уште еден вмровски кадар кој ќе прима плата од државниот буџет, и да продолжи децениското вмровско паразитирање врз државата.
Дел од огласот бил дури и реобјавен на 16 јули, откако постоела опасност да бидат избрани непартиски кандидати. Интервјуата биле спроведени само од директори на Управниот одбор на М-НАВ, без никакви независни набљудувачи или претставници од синдикатот.
Институција како М-НАВ, каде што безбедноста, стручноста и одговорноста треба да се темел, се претвора во место за вработување на УМС.
Ова е навреда за секој млад човек кој верува дека образованието и вложениот труд се доволни компетенции за вработување, и уште еден потег кој ќе придонесе младите луѓе да продолжат забрзано да се селат од Македонија.
Црвена Младина бара:
Јавно објавување на комплетната документација и постапка, поврзана со спорниот оглас.
Кривична и институционална одговорност за злоупотреба на службена положба.
Итна транспарентност, департизација и јавна контрола врз сите државни институции.
ДОСТА Е!
М-НАВ не е ничија партиска филијала, туку институција од витално значење за јавната безбедност. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…