Црвена младина: 33 години зависни од ЕУ и НАТО, честит 8 Септември
На 8-ми септември 1991 година, Македонија официјално прогласи независност. Денес, триесет и три години подоцна, ја славиме нашата „независност“, но од што точно? – пишуваат од Црвена Младина.
Наместо независност, добивме триесет и три години зависност од Европската Унија и НАТО, трговски и политички врски кои ги жртвуваат нашите национални интереси. Иронијата на независноста е токму тоа што сега сме само уште една колонија во хибриден режим, каде што странските амбасади носат поголеми одлуки за иднината на земјата од македонските институции.
Добивме само уништување на нашата економија, со распродажба на ресурсите и со постојано вмешување во нашите внатрешни работи. Не го добивме ни ветениот просперитет од нивното интегрирање, туку само беда, сиромаштија и одлив на мозоци.
Затоа, денес „гордо“ ја честитаме 33-годишната зависност, со препорака да се преиспитаме дали навистина го одбравме правиот пат како држава. – велат од Црвена младина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…