Црвен крст: Досега собрани 51.8 милиони денари, акцијата продолжува

Од Црвениот крст денеска соопштија дека досега се собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани и нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.
Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на дел од собраните средства, кои ќе бидат наменети за најитните потреби на погодените граѓани.
„Секој придонес е важен. Ги повикуваме граѓаните, компаниите и институциите и понатаму да ја покажат својата хуманост и солидарност кон оние кои се соочуваат со најтешките моменти. Упатуваме голема благодарност до сите кои досега донираа“, велат од Црвениот крст.
Хуманитарната акција не застанува, а сите заинтересирани можат да донираат преку жиро-сметката на Црвениот крст или со испраќање СМС порака на бројот за донации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да помогнеме! Млад охриѓанец се бори со…
Охриѓанецот Лулзим Демирали од Охрид има потреба…
Опра тажна, изреагира по критиките на видеото…
Пред неполн месец познатата водителка Опра сними…
Украина собра над 10 милиони долари од…
Украина од почетокот на војната со Русија…
(Видео) Чудо во Русија: Светиот крст го…
Луѓето од Кузбас. Русија на небото забележаа…
Да пomoгнеме: Голема xymанитарна акција за пomoш…
Во организацијата на Македонците во странство, поточно…