Украина собра над 10 милиони долари од донации во криптовалути
Украина од почетокот на војната со Русија собра повеќе од 10 милиони долари преку илјадници донации во криптовалути, објави компанијата за анализа на блокчејн „Елиптик“, јавува агенцијата „Анадолија“.
Официјалниот профил на украинската влада на „Твитер“ во четвртокот обезбеди две сметки за криптовалути – едната само за примање биткоин, а другата за преземање етерум и тетер.
„На сметките наведени во објавите на ‘Твитер’ веќе пристигнале 10,2 милиони долари преку 12.799 трансакции“, според анализите на компанијата.
„Елиптик“ истакна дека вкупните криптодонации за украинската влада и невладините организации што ја поддржуваат војската сега изнесуваат 16,7 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…