Црна Гора: До 10 години затвор за неовластено држење и носење оружје

t

Предложените нацрт-измени на Кривичниот законик на Црна Гора предвидуваат затворска казна од една до 10 години за неовластено држење и носење оружје, а фемицидот и нападите врз наставници стануваат кривични дела. Нацртот е на јавна расправа во следните 20 дена и содржи други измени, како што се, на пример, напад на лекар при пружање медицинска нега и додавање на „образовни активности“ на списокот со активности од јавен интерес.

Министерството за правда на чело со Бојан Божовиќ наведува дека има повеќе причини за донесување на Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Црна Гора.

„Министерството за правда ја препозна потребата од заострување на казнената политика за неовластено држење и носење оружје и распрскувачки материи, како и да се исклучи можноста за ублажување на казните за овие кривични дела. Построгите казни служат како силен фактор на превенција и одвраќање, заштитувајќи го општеството од можните последици што можат да произлезат од неговото неовластено поседување и користење“, соопшти Министерството за правда, според подгоричкиот весник „Вијести“.

Со измените се предлага казната за неовластено поседување огнено оружје, наместо од три месеци до три години, да биде од една до пет години. За неовластено носење, применливата казна е од една до пет или осум години затвор. Нацртот предвидува идната казна да биде од три до осум или десет години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава против скопјанец за поседување на…

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…

Дете во Волково возело автомобил во кој…

Петнаесетгодишно детет, во четвртокот вечерта, само возело…

Црна Гора: До 10 години затвор за…

Предложените нацрт-измени на Кривичниот законик на Црна…

„Наскоро ќе разговарам со Путин“: Трамп не…

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи…

Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…

Поради близината на фронтот во Украина, но…