Објавено на:

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на криптовалутитe

t

Апелациониот суд на Црна Гора ја потврди одлуката на Високиот суд врз основа на која бегалецот „крал на крипто валута“ До Квон ќе биде екстрадиран во Јужна Кореја.

Оваа одлука е конечна. Сепак, не е познато кога До Квон ќе биде екстрадиран.

Неговиот адвокат Горан Родиќ за агенцијата Бета изјави дека министерствата за правда на Црна Гора и Јужна Кореја донесуваат одлука за времето и местото на екстрадиција.

Тој рече дека оваа постапка во пракса е секогаш тајна и оти јавноста треба да биде информирана откако ќе се изврши.

До Квон беше уапсен на крајот на март 2023 година на аеродромот во Подгорица по потерница од Јужна Кореја.

Тој на 16 јуни е осуден поради фалсификуван пасош со кој имал намера да отпатува за Дубаи со приватен лет од Подгорица. За тој чин јужнокорејскиот „крал на крипто валутата“ издржува четиримесечна затворска казна во затвор во близина на Подгорица.

За фалсификување документи е осуден и неговиот соработник Хон Чанг Јун, кој беше уапсен заедно со него во Подгорица на 5 февруари и екстрадиран во Јужна Кореја.

До Квон беше во центарот на аферата пред парламентарните избори во Црна Гора минатата година кога тогашниот премиер Дритан Абазовиќ тврдеше дека со него е поврзан актуелниот премиер и лидер на движењето „Европа сега“ Милојко Спајиќ, кој тоа го негираше.

Специјалното обвинителство соопшти дека отворило предмет за ова прашање, но оттогаш не се изјасни за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад на вредноста на криптовалутите денес

Биткоинот падна за 6,12 отсто на 58.346,75…

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на…

Апелациониот суд на Црна Гора ја потврди…

Биткоинот денеска достигна највисоко ниво во последните…

Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација,…

„Кралот на криптовалутите“ ќе биде екстрадиран во…

Одлуката не е правно обврзувачка и адвокатите…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…