Црногорското “ДУИ” уценува: Ако Абазовиќ сака да биде премиер ќе ни даде Претседател на Пармаленр

t

Доколку актуелниот вицепремиер на Црна Гора во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ биде премиер на новата влада, Социјалистичката народна партија нормално би ја имала функцијата претседател на Парламентот на Црна Гора, смета пратеникот на СНП, Драган Ивановиќ.

Гостувајќи во утринската програма на ТВ Црна Гора, Ивановиќ рече дека разговорите за формирање нова влада одат во добра насока и вели дека таа треба брзо да се формира.

Одлуките за учеството на СНП во владата, како што вели, ги носи Главниот одбор кој се уште не се состанал.

Тој додаде дека се чека исходот од преговорите, односно дали владата ќе се формира од парламентарно мнозинство или ќе биде малцинство или некоја друга влада.

Тој додаде дека не може да каже кога ќе се формира новата влада и кој ќе ја формира, но рече дека тоа ќе биде брзо, пренесе Танјуг.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вчера при посетата на Атина изјави дека очекува денеска да добие извештај за консултациите на политичките субјекти за формирање нова влада.
На прашањето за Дритан Абазовиќ за мандатар, Ѓукановиќ не одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…

Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…

Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…