Црн викенд во Македонија: По Зрновци пронајдени уште починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово
По пронаоѓањето на женскиот труп во фаза на распаѓање во близина на кочанското село Зрновци полициските билтени во Скопје и Куманово бележат црна сабота со три смртни случаи кај кои била потребна интервенција на обвинителство и обдукција. Во текот на вчерашниот ден, екипите на Итната медицинска помош пронашле починати лица во нивните домови и дворови.
Во Скопје, првиот случај бил пријавен во Центар, каде во семеен дом бил пронајден 64-годишниот Д.В., додека помалку од еден час подоцна, во друг дел на градот, во двор од куќа била пронајдена и 84-годишна жена со исти иницијали (Д.В.).
Трагична вест дојде и од Куманово, каде на улицата „Средорек“ е пронајдена почината 50-годишна жена. За сите три случаи, по наредба на јавните обвинители, телата се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје за да се утврдат точните причини за смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црн викенд во Македонија: По Зрновци пронајдени…
По пронаоѓањето на женскиот труп во фаза…
Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно…
– Во текот на изминатото деноноќие на…
Фабриките за десоленизација се новата цел во…
Фабрика за десалинизација во Бахреин беше оштетена…
Куба се подготвува за можна инвазија од…
Куба се подготвува за можна инвазија од…
Скот Бесант: САД имаат доволно пари за…
Владата на САД има доволно пари за…