Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно возење

t

– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило.

Како што соопшти МВР, од овие 14 возачи осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената. Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и Дебар возеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека по едно лице во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци управувале возило под дејство на алкохол. Еден возач на територија на Гевгелија управувал возило со поголема брзина од дозволената.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника за ин витро во Северен Кипар…

Клиника за ин витро во Северен Кипар…

33% – Поддршката за Трамп падна на…

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…

Во овој момент активен е пожарот, кој…

(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…

Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…