ЦУК: Нема активни пожари, пожарот на планината Готен е под контрола

t

Нема активни пожари на територијата на државата, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, а останатите четири во прилепскиот регион.

На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.

– Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, нагласи Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Нема активни пожари, пожарот на планината…

Нема активни пожари на територијата на државата,…

ЦУК известува за моменталната состојба со пожарите

Состојба со пожарите на 30.07.2025 до 20:30…

Македонија во пламен

Пожари беснеат ширум Македонија, а од час…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрли целосно во справување…

ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите,…

Мицкоски вели дека состојбата со пожарите е…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата…