ЦУК: Нема активни пожари, пожарот на планината Готен е под контрола

t

Нема активни пожари на територијата на државата, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, а останатите четири во прилепскиот регион.

На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.

– Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, нагласи Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…

Од вкупно 11 пожари на отворен простор…

Нема активни пожари во Македонија

До 13 часот денеска регистриран е еден…

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…