ЦУК: Три пожари на отворено изминатото деноноќие

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  имало вкупно 2 028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици.

Според ЦУК, регистрирани се и четири (3) пожари на отворено. Од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола), во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар), од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево) и од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).

ЦУК ја пренесува и препораката на АМСМ, по патиштата да се вози со прилагодена брзина и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, особено низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Известуваат.

На повеќе места во државата, наведува ЦУК, се одвиваат работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна и патна сигнализација.

Поради градежни активности на регионалниот пат R-2239 делница с. Бродец – с. Побожје, во наредните денови до 10.10.2024 ќе има целосно блокирање на сообраќајот од 09:30 до 14:30 часот. На овој потег ќе биде поставена соодветна сигнализација при изведба на работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…

Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…

ЦУК: Три пожари на отворено изминатото деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните…

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…

ЦУК: Три активни пожари, четири се под…

Во текот на вчерашниот ден, сабота, 07.09.2024…