Честито народе, ќе враќаат вашите внуци – Потпишан договорот за кредитот од Унгарија

t

Договорот за кредит со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со кредит кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор закредит за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните – рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.

Кредитот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.

Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален кредит од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно .ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари

Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од кредит кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.

Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Честито народе, ќе враќаат вашите внуци –…

Договорот за кредит со унгарската Експорт-импорт банка…

Во Будимпешта на 8 октомври ќе биде…

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска на 8…

Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот…

„Со големо чудење и разочараност СДСМ ја…

Граѓаните им должат на банките речиси четири…

Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките…

ЕУ: Помалку пари за Унгарија на Орбан

Во Европскиот парламент во Стразбур, многу пратеници…