Чета за атомско биолошка и хемиска одбрана собира податоци за квалитетот на воздухот во визбегово: Министерство за здравство е на готовс, лекарите со препораки
Еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана е ангажиран за собирање податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во реонот на Визбегово, во Општина Шуто Оризари, информираше Генералштабот на Армијата.
Вчера пожарот во депонијата во Визбегово предизвика паника кај жителите на Шуто Оризари, Бутел, Железара и Чаир. Причината е тоа што силниот ветер го носеше чадот и до овие населени места, каде се чувствуваше нтензивен мирис, а се гледаше и магла во воздухот.
Со оглед на тоа што според информациите гореше депонија за старо железо, каде имало и хаварисани возила со вградени плински уреди, сосема е логичен ангажманост на тим од војници кои ќе истражат што дишат жителите на Скопје, по големиот пожар кој се случи во градот.
Пожари немаше само во Скопје. Гори целта република. Пожарникарите и службите се борат деноноќно со огнената стихија, а со нив рамо до рамо се борат и граѓаните.
На готовс се и од Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“.
-Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување, соопшти Министерството.
Во дописот до медиумите наведува и дека се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните – „со единствена цел – заштита на здравјето и безбедноста на населението“.
Што велат лекарите?
Според докторката по семејна медицина, Даринка Чадиевска, пожар како тој во Визбегово, може сериозно да влијае на здавјето на луѓето.
„Како лекар, можам да потврдам дека чадот од пожар, особено ако е со поголем интензитет како овој денес во Визбегово (09.07.2025), може сериозно да влијае врз здравјето на населението. Вдишување на чад кој содржи фини честички (PM2.5), јаглерод моноксид и други токсични гасови може да предизвика и да влоши респираторни заболувања, астма, алергии, а кај хронично болни и постари лица – и кардиоваскуларни компликации. Особено се ризични децата, бремените жени и лицата со постоечки здравствени проблеми. Се препорачува населението да остане во затворени простории, да избегнува физичка активност надвор и по можност да користи прочистувачи на воздух или заштитни маски“, вели докторката.
Таа излезе и со препорака до сите оние кои биле во околина на пожар да бидат внимателни и да ја следат сопствената здравствена состојба, а доколку имаат потреба да побараат лекарска помош.
„Доколку почувствувате тегоби како кашлица, тешкотии со дишењето, вртоглавица, главоболка, слабост или иритација на очи и грло – препорачуваме да се консултирате со лекар, особено доколку имате претходни здравствени состојби“, вели Чадиевска.
Согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење кризна состојба донесена од Владата заради зголемена појава на пожари, како и побарувањата на Центарот за управување со кризи, Армијата активно се вклучи во гаснење на пожарите на целата територија на нашата држава.
Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во три општини. Во Ѓорче Петров ангажирани се над 60 лица, во Крива Паланка ангажирани се околу 30 лица и во село Николиќ, Дојран ангажирани се над 50 лица.
Според последните информации од ЦУК, вчера во текот на денот, биле регистрирани вкупно 52 пожари на територија на цела Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чета за атомско биолошка и хемиска одбрана…
Еден тим од Четата за атомско биолошка…
Тошковски: За дел од пожарите се сомневаме…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по…
Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките…
Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките…
Девет активни пожари во Македонија, и натаму…
Центарот за управување со кризи утрово информира…
Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел…
Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик…