Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско

t

Полицијата ги лиши од слобода крадците на компири Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Во сопштението се наведува дека полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.

– Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот,стои во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од…

Полицијата ги лиши од слобода крадците на…

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука…

Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери,…

Со палки и солзавец: Петмина колеги нападнати…

Петмина колеги, меѓу кои и 18-годишно момче,…

Од вторник повторно дождови

Од вторник ќе преовладува претежно облачно време…

Сиљановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар повторно беше…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на…