Со палки и солзавец: Петмина колеги нападнати во средно училиште Сарај
Петмина колеги, меѓу кои и 18-годишно момче, биле физички нападнати додека работеле во средно училиште во скопското село Сарај.
Нападот се случил синоќа околу 21:00 часот, а според пријавата во СВР Скопје, тројцата напаѓачи користеле и опасни средства за да се пресметаат со работниците.
Полицијата работи на расчистување на случајот во кој се инволвирани жители на Сарај како напаѓачи и жители на Скопје како жртви.
„На 29.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје Ф.Љ.(24) од Скопје пријави дека во с.Сарај, скопско тој и неговите колеги А.Н.(18), Н.Љ.(26), А.Д.(36) и Р.С.(24) сите од Скопје кои претходно извршувале работни задачи како вработени во фирма во средно училиште физички биле нападнати од С.П.(41), Н.П.(47) и С.П.(37) сите од с.Сарај кои употребиле остар предмет и солзавец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…