ЧЕТВОРИЦА УКРАИНЦИ УАПСЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Ова се деталите
Четворица Украинци се уапсени вчера откако биле фатени во диво ископување во Македонија.
Како што соопшти МВР, вчера околу 12 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај с.Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје.
,,Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети.Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор,, соопшти МВР
По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…