Четири години затвор за обвинетите за „Јавна соба“

t

Кривичен суд изрече две казни за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата каде се споделуваа порнографски материјали од жени од Македонија без нивна дозвола, доби четири години затвор, а исто толку, односно четири години, доби и администраторот Михаил Паневски му се досудени.

Тие се гонеа бидејќи со дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете“, рече судијката.

Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство. А во обвинителниот акт стоеше: „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…