Објавено на:

Четири интервенции на кумановските пожарникари минатата вечер

t

Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот на помошен објект во кумановското село Пчиња, соопшти територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал во 4.00 часот, утрово. Најнапред интервенирала само една екипа, по што е испратена и втора со друго возило.

Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале во два наврати и на пожар во село Проевце кај „Ловечки дом“ кој минатата ноќ беше предизвикан од удар на гром. Првпат интервенирале од 13.45 до 14.55 часот, втор пат од 16.35 до 18.00 часот, се наведува во информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во липковското село Белановце вчера бил опожарен џип на МВР. Од 15.50 до 17.05 часот четворица пожарникари го гаселе пожарот на возилото со едно противпожарно возило.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…

ВМРО-ДПМНЕ од инает не гласаше за нови…

„ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Таксистот одбил да им земе пари кога…

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства,…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…