Чешката влада потпиша договор со САД за купување на 24 борбени авиони Ф-35

t

Чешката влада постигна договор со САД за набавка на 24 американски борбени авиони Ф-35 како дел од договорот вреден околу 150 милијарди чешки круни (6,6 милијарди долари). Тоа е најголемата нарачка за набавка на воена опрема во историјата на чешката армија.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова и американскиот амбасадор Бијан Сабет потпишаа меморандум за соработка во врска со договорот. Чешката Република, исто така, потпиша писмо со кое ја прифаќа понудата на Вашингтон, што е последен чекор пред финализирање на договорот меѓу владите, соопшти чешкото Министерство за одбрана.

Чешката влада го одобри договорот во септември.

Првиот од 24-те авиони се очекува да биде испорачан во 2031 година, а останатите во 2035 година.

Чесите ќе им платат на САД речиси пет милијарди долари за авиони, обука на пилоти, муниција и други трошоци, прецизираше претходно Чернохова. Остатокот од парите од договорот ќе одат за реновирање на воздухопловната база Часлав во Централна Чешка, гориво и обука на персоналот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…

Блумберг: НАТО бара од европските членки да…

НАТО бара од европските членки петкратно да…