Чешка: Немаме ограничувања, ќе ги примиме и ќе им помогнеме на сите бегалци од Укрина

Земјите од Вишеград, познати по тоа што имаат строга имиграциска политика и пристап за релокација на „нула бегалци“ по ненадејниот прилив на бегалци во Европа по војната во Сирија, ги отворија своите порти за стотици илјади кои доаѓаат од Украина.
Според еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, земјите од ЕУ веќе се домаќини на над 300.000 украински бегалци. Во наредните денови и недели се очекува оваа бројка да достигне милиони.
За луѓето кои бегаат од земјата, централна Европа стана безбедно пристаниште. Полска, Словачка и Унгарија имаат директни граници со Украина и им нудат помош на луѓето на кои им треба засолниште.
Чешка моментално оперира со специјална железничка рута, земајќи ги Украинците на надворешната граница на ЕУ и ги носи на чешка територија. Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека нема плафон за бројот на бегалци кои би можеле да дојдат бидејќи владата е подготвена да им помогне на сите на кои им е потребно.
Чешка подготвува и владини згради, хотели и приватни домови за да ги прими бегалците. Прага е подготвена да го отвори фудбалскиот стадион Страхов за да обезбеди привремено сместување за украинските луѓе кои имаат потреба. Покрај тоа, на бегалците ќе им биде одобрен привремен престој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Путин му одговори на Трамп: Животот на…
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…
Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…
Членството на Украина во НАТО повеќе не…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
Путин во воена униформа ја посети областа…
Рускиот претседател Владимир Путин го посети командниот…