Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе дејствуваат на пожарот на планината Готен од беровска страна

t

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека утрово на скопскиот аеродром е одржан оперативен брифинг со екипажот на чешкиот хеликоптер „Блек Хок“. Брифингот го спровеле старешини од Армискиот воздухопловен ВИНГ, при што посадата била детално запознаена со пожарот што беснее на планината Готен од беровската страна.

Како најпогоден извор за полнење вода е одбрано вештачкото езеро Турија, кое се наоѓа на само десетина километри воздушна линија од локацијата на пожарот. По завршување на подготовките, хеликоптерот веднаш се упатил кон локацијата и наскоро започнува со дејствување.

„Поради строгите армиски правила, засега нема фотографии или видеа од подготовките. Во текот на денот ќе објавиме визуелен материјал од интервенцијата на хеликоптерот врз пожарот“, соопшти Ангелов.

Покрај воздушната поддршка, во близина на Берово веќе пристигна и конвојот од 61 словенечки пожарникар, кој се движи со 18 возила, меѓу кои има и специјализирана опрема за гаснење на шумски пожари во непристапен терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе…

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека…

(Видео) Членови на СНС удрија по граѓаните…

Граѓани на протест во српскиот град Краљево…

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на…

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски…

РКЕ: Не се менува цената на топлинската…

Не се менува цената на топлинската енергија…

Aрсовска со нови детали: На снимките ова…

На снимките ова лице на полицајците кои…