РКЕ: Не се менува цената на топлинската енергија
Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. РКЕ донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија се до донесување на нова одлука.
„РКЕ изврши длабинска анализа на доставените податоци за работата на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје. Констатиравме дека за донесување на одлука која ќе ги рефлектира во целост реалните трошоци на сите регулирани дејности, посебно производство на топлинска енергија, дополнително е потребна проценка на вредноста на основните средства – топланите. РКЕ во февруари испрати барање за процена на основните средства за дејноста производство до Бирото за процена, но до денес го немаме добиено извештајот за процена и поради тоа не може да се направи финална пресметка. Со цел овозможување на еднаков третман на сите потрошувачи на топлинска енергија на територијата на Град Скопје, РКЕ донесе одлуки да продолжат да важат истите тарифи, односно сметките за парно не се менуваат, се до нова одлука“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Инаку со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…