Објавено на:

Чешкиот претседател одби барање на 127 сограѓани да учествуваат во војната во Украина

t

Чешкиот претседател Милош Земан го одбил барањето на 127 сограѓани да учествуваат во воените дејствија во Украина во состав на силите на Киев, објави во средата вечерта на Twitter неговиот портпарол Јиржи Овчачек.

„Врз основа на негативната препорака на Министерството за внатрешни работи на Чешката Република, претседателот Милош Земан во средата 8-ми јуни, на 127 чешки државјани им го одби барањето да се приклучат на вооружените сили на Украина“, објави Овчачек.

Ова е третото одбивање на Земан, кој и во минатото беше остро критикуван поради изјавите и добрите односи со Москва, на чешки државјани да им се приклучат на вооружените сили на Украина. Претходно на 24-ти мај биле одбиени барањата на 11 а потоа на 1-ви јуни на 80 чешки државјани. Но на 11-ти мај, Земан дал согласност за 103 Чеси да се придружат на украинската армија.

На државјаните на Чешката Република им е дозволено да служат во вооружените сили да други држави само со дозвола на шефот на државата, кој е и врховен командант на чешката војска. Но, барањата мора да минат низ строга безбедносна проверка.

Во март годинава Овчачек објави дека Прашкиот дворец (претседателската резиденција), добил барања за одобрување за служба во украинската армија од повеќе од 300 чешки граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…