Членството контра Мицкоски: Никогаш нема да прифатам коалиција со силувачите на Македонија!
Идејата на Мицкоски за широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која ќе ги изгласа уставните измени за влез на Бугарите во Уставот на Република Македонија очигледно не поминува кај членството на партијата.
Истакнати членови реагираат на социјалните мрежи и велат дека најпрво не поддржуваат уставни измени, а потоа не поддржуваат ниту влада заедно со СДСМ.
-Никогаш, додека дишам, нема да поддржам коалиции и влади со шарено копиле, комуњар, соросов фашист, максовци, јанчевци, димчиња, и секој еден останат кој ја силуваше мајка Македонија.
Тоа е, таков сум, таков и ќе умрам ама нема да им се поддадам и продадам како што им се продавате вие партиските злокоби.
Не е лесно да си Македонец, и да живееш во сиромаштија и понижувања, знам. Под уцени и закани не е лесно сфаќам, и не може секој да издржи.
Ама пак….подобро со сол и леб на маса да сум насмеан и горд, отколку на полна маса расплакан и несреќен.
Да живее мајка Македонија – напиша на Фејсбук Кристиан Јандриоски кој е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ од општината Ѓорче Петров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…