Објавено на:

Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион

t

Чуварот на британската амбасада во Берлин е екстрадиран од Германија и обвинет за шпионирање во корист на Русија, соопшти британската полиција.

Полицијата соопшти дека против Дејвид Балантајн Смит (57) биле поднесени девет обвиненија според Законот за службени тајни во врска со „собирање и пренесување информации корисни за руската држава“.

Полицијата соопшти дека кривичните дела биле извршени меѓу октомври 2020 година и август 2021 година, кога германската полиција го уапсила Смит во неговиот дом во Потсдам, југозападно од Берлин.

Ник Прајс, шеф на Специјалното обвинителство и единицата за контратероризам при британското обвинителство, рече дека Смит е обвинет за „седум точки од обвинението за собирање информации со намера да се испратат до руските власти, едно дело за комуникација и едно за давање информации на лице за кого се верува дека е член на руските власти“.

За време на Студената војна, Берлин беше наречен „главен град на шпионите“, бидејќи беше на првата линија на конфликтот меѓу Советите на исток и Американците и нивните западни сојузници на западниот дел од тој град.

Активностите за шпионажа, наводно, се намалиле по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крајот на Студената војна, но руската инвазија на Украина ги залади односите меѓу Москва и Западот и ја врати шпионажата во центарот на вниманието.

Германија протера 40 руски дипломати во понеделникот, обвинувајќи ги дека се шпиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Лада” ќе се произведува и во Африка

Руската компанија Лада Експорт, која е извозен…

Директорот на М-НАВ Хамиди тврди дека огласот…

- Гледам дека проблематични, условно речено „демек“…

Медиуми: Израел планира да го нападне Либан

Израелските одбранбени сили соопштија дека сакаат да…

Орбан му подари на Ердоган коњ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Се урна училиште во Романија, четири деца…

Зграда на средно училиште во Романија денеска…