Објавено на:

Шаленберг сe закани: Изолација ако не ги прифатите уставните измени

t

Ако не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат С. Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски кои се во посета на земјава.

-Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Земјата чека 18 години да дојде до овој момент. Сега вам ви останува да го искористите овој момент. Политички треба да се биде одговорен и пред се да се имаат националните интереси. Моментот е сега и ве уверуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјата, порача Шаленберг.

Шаленберг нагласи дека не се случува секој ден тројца министри на три членки на ЕУ да дојдат во земја на Западен Балкан, што, како што кажа, треба да биде силна порака за вас

-Нашата порака е едноставна и силна – тоа е порака на охрабрување, нема време за губење, би сакале да продолжите со потребните уставни измени за да почнете со преговорите за членство. Да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на С. Македонија. Би било штета Скопје, откако истрча еден тежок маратон да се сопне на следната пречка. Долг пат изминавме заедно и надминаме многу тешкотиии, дециден е тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов топлотен бран – температурите до 40…

Од утре нашата земја повторно влегува под…

Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…

Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…

На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…

Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…

Откако се обрати до нацијата, претседателот на…