Шамар од Алтернатива: Какви избори, 2023 година ќе биде година на уставни измени

t

Од Алтернарива испратија соопштение во кое се вели дека оваа година е година на уставни измени, а не на избори.

„Алтернатива стана дел од власта со писмен договор, чија прва точка е деблокирање на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европска унија.

Затоа, како партија веруваме дека во оваа година сите политички и државни капацитети треба да бидат концентрирани во реализација на превземената обврска за уставни измени преку “францускиот предлог”.
Запчнувањето на суштинските преговори со ЕУ значи поинтензивна динамика на реформи и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.

Алтернатива е посветена, покрај исполнувањето на обврската за признавање на бугарското малцинство и замена на дефиницијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ со „албански јазик“, во овој процес да се направи и важен чекор во борбата против политичката корупција.

Затоа, предложивме уставен амандман за санкционирање на корупцијата на високо ниво, за што бараме поддршка од внатрешни и меѓународни фактори.

Покрај уставните измени, оваа година не чека многу работа.

Земјата успешно се справува со енергетската криза, обезбедувајќи непрекинато снабдување со електрична енергија и не дозволувајќи енормно поскапување, што беше една од нашите значајни определби во договорот за учество во владата.

Се обидуваме да постигнеме договор за изградба на нов Клинички центар, со уникатен модел на финансирање предложен од нашиот Министер за здравство.

Посветени сме за реформирање на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги, олеснувајќи ги административните обврски за граѓаните.

2023-та година е година на уставните измени и на сериозна работа и пројекти. За Алтернатива, предвремените парламентарни избори во овој период би биле губење време и непотребен трошок во буџетот, имајќи предвид дека следната година секако е година на парламентарни и претседателски избори“, велат од Алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

На новиот лидер на Алтернатива по македонската…

На новиот лидер на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими,…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…