Шанкер земал 700 евра плата, повлечени околу 100.000 евра во готово: Арсовска ги откри криминалите на претходниот в.д директор на МКЦ
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција ги разјасни случувањата околу Младинскиот Културен Центар кој во изминатите неколку денови е во центарот на вниманието поради назначувањето на нов в.д директор.
Како што нагласи градоначалничката, претходниот в.д директор, согласно податоците од институцијата и досегашните податоци од ревизорскиот извештај, сторил сериозни финансиски манипулации.
– Ја разбирам загриженоста на јавноста и на културните рабтници која во изминатите денови ја видовме во врска со случувањата во МКЦ.
Би сакала на почетокот да разбијам неколку дезиформации кои се појавија во јавноста.
Не е точна дека на МКЦ мју се скратени 90% од буџетот на МКЦ, да бидеме попрецизни и да зборуваме со бројки.
Минатата годинаму биле одобрени 10,7 милиони денари, оваа година се одвоени 8,7 милиони денари. Што се однесува од сумата која се одвоува од буџетот од дотации на Град Скопје, биле одобрени 34 милиони денари, исто и оваа година. Намалувањето е незначително, а МКЦ остварува и спопствени приходи од половина милион евра.
Програмата настаните и планираните активности не само што не се скратени, туку и планирано е се што постоелно досега да се реализира и планирани се и дополнителни настани.
В.Д директорот на МКЦ не е разрешен, туку договорот врз основа на кој беше назначен согласно, Закон му заврши.
Што се однесува за наводен притисок врз претходниот директор на МПЦ, ги демантирам таквите обвинувања и тука сакам да најавам доколку во рок од 24 часа поранешниот в.д директор не се извини ќе треба изнесеното да си го докажува пред надлежен суд.
Во МКЦ е започната уште минатата година ревизија, и се забележани низа неправилности.
Во изминатата година во МКЦ склучени се преку 250 договори за ангажирање спротивно на закон без договор или преку Агенција за привремени вработувања, тука не ги сметаме оние хонорарни договори кои се за стручни лица и кои работат и ги извршуваат основните дејности на МКЦ. Тука зборуваме за 250 ангажмани ангажирани спротивно на законските прописи на Република Македонија за кои ќе треба да се даде отчет.
Исплаќани се илјадници евра на овие лица, меѓу нив истакнати членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, има и над 90 договори за времено ангажирање на шанкери на кои им биле исплаќани од 350 до 700 евра за еден месец.
Зборуваме за 90 договори потпишувани за вредност од нешто над 700 евра за шанкер. Ова испумпување на средства од МКЦ треба некој да го објасни и да каже врз кој основ некој добивал по над 750 евра месечно да да обавува работен ангажман шанкер.
Од главната благајна на МКЦ подигнати се над 100.000 евра кои се повлечени во готово. Каде се овие пари има некој што треба да даде одговор затоа што нема соодветна докуменација. Го повикувам Богоев да објасни за договорот на кој бил издаден простор во центарот на градот на Пасворд Продукција на која договорот ѝ завршил минатата годна, а од март досега немаме информација кој го стопанисувал тој простор и кој добро профитирал.
Од 40 вработени дури 12 се раководители, има раководители на сектори кои воопшто не раководат со никого. Но затоа истите земаат директорски плати. МКЦ поради недостатокот на работници ангажира и дополнителни лица кои работат за културната програма, а надвор од нив има над 250 договори за лица кои испумпуваат пари од МКЦ.
За вакво нешто не знам кој сака да ги манипулира луѓето и да ги вади на протести, а претходно треба да им објасни што правел врнатре. Јас усм сигурна дека одколку овие луѓе знаат што правел нема да го поддржуваат Се работи за сериозно оштетување на буџетот на Скопје.
Претходниот директор, Ванчо Богоев е поставен на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, јас политичка партија немам и не знам како може да се партизира МКЦ со поставување на нов директор. Треба дококу има недостатоци да се отстранат, нема никој да скрати нешто од буџетот на Градот и МКЦ, ниту ќе се кратат програмските активности што ги има предвидено. Меѓутоа нема да подлегнуваме на притисоци на некој кој правел сериозни финансиски манипулации и да профитираат и да кажат дека некој не си ја вршел работата соодветно.
Дел од луѓето кои протестираа кажуваа дека не сакаат да се скрати буџетот на МКЦ, тој не се крати туку дополнително има над половина милион евра сопствени приходи што ја прави една од најодржиливите институции, односно веќе и профитабилна, истакна Арсовска.
Во одговор на прашањњата на новинарите, градоначалничката истакна дека Богоев ги манипулира луѓето кои го сакаат МКЦ и сакаат да го заштитат, а не знаат дека се искористени за заштита на поединец.
– Јас нема да ги коментирам манипулациите на господинот Богоев, доколку не се извини ќе треба да ги докаже пред надлежен суд. Неговиот договор истече, страшна лага е да кажете дека некој не ве поставува на одредена позиција затоа што сака да постави некој друг. Ова е обид да се изманипулира јавноста со истиот обид како пред неколку години да се излезе во одбрана на човек кој има направено финансиски манипулации. Тоа што МКЦ многу луѓе го сакаат никому не му дава параван да се крие позади тие луѓе и да ги наведувате да ве бранат за нешто коешто е во најмала рака скандалозно.Тоа е конструкција во обид да се заштити себеси. Ние оставивме неколку дена да видиме до каде ќе оди тоа што неколку лица се обидуваат да го пласираат. Сите знаат колкава е емотивната поврзаност на скопјани со овој објект.
Се што кажа Богоев, тој има изјави каде се обидува, знаејќи што следува по ревизијата, да најде начин да се предизвика доволно голем притисок во јавноста. Она што се случува со МКЦ не е одбрана на културана, се брани човек кој злоупотребувал финансиски средства. Добиваат ли останатите шанкери 750 евра плата за еден месец?
Во Градот Скопје на тој човек награда не му е дадена, комисија го одбра како институција МКЦ и му додели награда за доприносот во културата, овој господин во тој момент ја примил во име на МКЦ таа награда, објасни Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МКЦ ги демантира лагите пласирани во јавноста:…
Изминативе денови јавноста e доведена во заблуда…
МКЦ БИЛ ПРЕТВОРЕН ВО СЕМЕЈНА ФИРМА: Не…
Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар призна…
Шанкер земал 700 евра плата, повлечени околу…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…