Објавено на:

МКЦ ги демантира лагите пласирани во јавноста: Ние сме институција отворена за секого!

t

Изминативе денови јавноста e доведена во заблуда од неточните и еднострани информации кои се пласираат, а се поврзани со МКЦ поточно со истечените договори на 30 лица кои биле хонорарно ангажирани во инструтуцијата, информираат од Младинскиот културен центар во соопштение до медиумите.

– Имено, се работи за придржување кон законските обврски кои произлегуваат од известувањето на ДКСК и изборниот законик според член 8-а, упатено до сите институции. Од таа причина сите лаги, клевети и обвинувања на сметка на МКЦ ги отфрламе како неосновани и како дел од хајка која се врши со цел да се наруши угледот на институцијата и нејзиното раководство. Во тој контекст нагласуваме дека ниту еден настан од програмата и според предходно потпишаните договори не е откажан. Исто така нагласуваме дека се работи за инсинуација дека на МКЦ е ставен клуч со што ги отфрламе сите обвинувања дека МКЦ не работи. МКЦ е и останува институција отворена за сите.

Преку ова соопштение сакаме да ја известиме јавноста дека апсолутно не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договори, туку се работи исклучиво за придржување и почитување на законските прописи согласно изборниот законик кој стапува на сила од денот на распишување на претседателските и парламентарните избори 2024 година. Би сакал да ве известам дека веднаш по завршувањето на изборниот процес и во моментот кога истото ќе биде дозволено според законските прописи хонорарно ангажираните лица кои се неопходни за редовното функционирање на институцијата повторно ќе бидат со работен ангажман.

Исто така сакаме јавно укажеме дека сите претходни раководни структури на институцијата како и до сите претходни мандати на состави на совети при град Скопје, се дозволило институцијата да се доведе во позиција без да се регулира трајно статусот на времено ангажираните лица во МКЦ.

Нагласуваме дека е упатен и официјален допис до ДКСК со цел да се добие мислење/согласност за понатамошно дејствување на што сеуште до МКЦ нема пристигнато никаков одговор!
Ве замолуваме соопштението да биде објавено во целост, со цел доследно запознавање на јавноста за состојбите, велат од МКЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…