Објавено на:

Шапиќ: Нови 700 автобуси и 125 трамваи во Белград

t

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека до есен на белградските улици ќе има 700 нови автобуси и 125 трамваи.

Тој во погонот ГСП во Нов Белград рече дека е објавена набавката за 150 автобуси и дека најдоцна во јуни ќе бидат објавени уште 150 возила, пренесува Бета, повикувајќи се на Беоинфо.

„Најавена е набавка на нови 25 трамваи, очекуваме набавка на уште 100 трамваи, а во тек е и набавка на 20 комбиња за деца со посебни потреби и инвалиди“, рече тој.

Шапиќ рече дека толку многу возила не биле набавени одеднаш во последните 30 или 40 години.

„Со 300-те нови автобуси што ги купуваме и околу 400 приватни што ќе влезат во јавниот превоз од есен, тоа се 700 нови возила и 125 трамваи на улиците“, рече тој.

Тој рече дека се очекува и набавка на нови тролејбуси, без разлика што се екстремно скапи, така што јавниот превоз во Белград ќе биде „целосно променет“.

„Минатата година кога добивме 100 нови автобуси на гас, реков дека во најбрз можен рок ќе го префрлиме целиот градски јавен превоз од дизел и нафта на плин и дека нема да имаме возила постари од две или три години, а влеговме во тој процес“, рече Шапиќ.

Тој оцени дека состојбата со приватните превозници сега е подобра и дека и тие почнале да го менуваат пристапот.

„Сега најважно е да потпишат нови договори под нови услови и околности. Ќе бидат условени до 1 септември да имаат повеќе од 50 отсто нови возила, а останатите 50 отсто возила да не смеат да бидат постари од седум години. Според нашата проценка, во наредната година и половина во нашиот јавен превоз ќе влезат околу 400 нови возила од приватни превозници“, рече Шапиќ.

Според него, возачите на ГСП имаат повисоки плати од порано, а планот е наместо шест, да им се дозволи да работат пет дена во неделата.

„Никого нема да отпуштиме, не сметајќи ги оние кои природно се пензионираат. Приказната за тоа како го уништуваме нашиот јавен превоз е целосно обратна. Сакаме да го зајакнеме, да обезбедиме нови возила, да се грижиме за услугата што ја даваме, но и за условите за работа на луѓето во него, бидејќи само така ќе имаме јавен превоз на нивото што го заслужува Белград“, рече Шапиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…

Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има…

Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б.…

Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…

Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…

Белград доби нов трамвај, ќе пристигнат уште…

Првиот од 25 нови трамвај од турскиот…

(ВИДЕО)Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици…

Ветер, град и обилни дождови во Белград.…