Шарл Мишел утре на инаугурацијата на гасоводот во Александрополис
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел утре ќе отпатува за Аександрополис на покана на премиерите на Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Киријакос Мицотакис и Кирил Петков и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Мишел ќе присуствува на инаугурацијата на изградбата на гасоводот за течен природен гас, чија цел, според ЕУ, е подобрувањето на инфраструктурата и набавката на гас за целиот југоисточноевропски регион.
Проектот за гасовод во Александрополис е од клучна важност за ЕУ во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.
-Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.
Претседателот на Европскиот Совет заминува во Александрополис на покана на премиерите на Грција, Македонија и Бугарија, односно Мицотакис, Ковачевски и Петков, како и на претседателот на Србија, Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…
Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…
ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…
Состојбата кај македонската дипломатија не може да…
300 лекари од Клинички од 1 јули…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…
Иранското нуклеарно познавање не може да биде…
Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не…
(Видео) Данела повторно се вклучи во живо:…
Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата…