Објавено на:

Швајцарија го регистрираше првиот истополов брак – Паровите ќе може да посвојуваат деца

t

Од вчера во Швајцарија е на сила легислативата за легализирање на истополовите бракови. Ова е преседан во историјата на државата.

Законодавството беше воведено по спроведен референдум.

Првата двојка која регистрирала брак биле Елин и Лора. Тие склучија граѓанско партнерство пред 19 години, кое е легално за истополовите парови во Швајцарија од 2007 година.

„Тоа е неверојатна радост, прекрасен момент кој ќе остане запишан во историските книги“, изјави Лаура по церемонијата.

До почетокот на јули, конзервативната Швајцарија, со население од 8,5 милиони, беше меѓу ретките земји во Западна Европа кои не ги легализираа истополовите бракови, по Грција, Италија, Андора, Монако и Сан Марино.

Во септември 2021 година, повеќе од 64 отсто од Швајцарците ја одобрија иницијативата „Брак за сите“ со речиси две третини од гласовите, што ја прави Швајцарија една од последните земји во Западна Европа што ги легализираше истополовите бракови.

Откако законот за граѓанско партнерство стапи на сила во 2007 година, истополовите двојки имаат речиси исти права како и хетеросексуалните парови.

Новиот закон им дозволува на геј паровите да посвојуваат деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…

Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла,…

Одреден број пратеници на украинската Врховна рада…

(Видео) Сиљановска не знае колку чинело патувањето…

Претседателката Сиљановска Давкова не знае колку чини…

Евровизискиот победник Немо најави европска турнеја, но…

Швајцарецот Немо кој победи на овогодинешната Евровизија…

Силен земјотрес во Швајцарија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според…