Објавено на:

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди франци

t

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет скијачи пронајдени мртви на планина во…

Тела на пет скијачи беа пронајдени вчера…

Македонец, Чех и две жени од Кина…

Пет лица се уапсени во Швајцарија меѓу…

Македонски државјанин кој бил водач на нарко-мафија,…

Македонски државјанин кој важи за водач на…

Швајцарија ги прекинува програмите за развојна помош…

Швајцарската влада ги прекина програмите за развојна…

(Видео) Како се чисти снег: „Не е…

Не е Швајцарија, Косово е, стои во…