Објавено на:

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија

t

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го отфрли предлогот на Партијата на зелените, со кој Швајцарија ќе и се придружи на меѓународната РЕПО група за воведување економски санкции против Русија.
Со 101 глас „за“ и 80 „против“, Долниот дом го отфрли приклучувањето кон групата формирана во 2022 година од САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, ОК и Европската комисија.


Владата претходно препорача да не се приклучува на групата РЕПО, а министерката за економија Бет Јанс рече дека предноста од таквата одлука се рефлектира во способноста на Швајцарија да организира мировен самит за војната во Украина.
Русија веќе ја отфрли можноста за учество на самитот, велејќи дека Швајцарија ја отфрлила својата декларирана неутралност со учеството во санкциите на ЕУ против Москва.


На 15 и 16 јуни, Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво, чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиус Касис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…