Швајцарците на референдум одлучуваат за донирање на органи, за ФРОНТЕКС и за „Лекс Нетфликс“
Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за донирање на органи, за финансирање на ФРОНТЕКС и за Нетфликс.
Граѓаните на Швајцарија треба да одлучат дали донирањето органи ќе се одвива автоматски, освен во случаите кога потенцијалниот донатор експлицитно се изјаснил против тоа пред неговата смрт. Промената на законот би значела дека пациентите кои имаат потреба ќе ги добијат потребните органи многу побрзо бидејќи сите луѓе ќе се сметаат за донатори на органи, освен ако не се спротивставиле за време на животот.
Швајцарската Влада води кампања за промена на постоечкиот Закон, со што ќе им овозможи на сериозно болните пациенти да добиваат донирани органи без долго чекање.
Друго референдумско прашање е дали Швајцарија ќе го зголеми финансирањето на Агенцијата за заштита на границите на Европската унија. Швајцарија е членка на шенген зоната, каде што се укинати граничните контроли, но Владата предупредува дека членството на Швајцарија може да биде загрозено без поголеми придонеси.
Третото прашање се однесува на амандманот на Законот за филм колоквијално наречен „Лекс Нетфликс“. Со него се бара од радиодифузерите и давателите на стриминг да инвестираат четири отсто од својот приход во швајцарската филмска продукција. Стриминг компаниите треба да понудат и најмалку 30 проценти од европските филмови или серии, како што е случај во Европска Унија.
Повеќе од 90 отсто од швајцарските гласачи главно гласаат по пошта. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…
Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…
Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла,…
Одреден број пратеници на украинската Врховна рада…
(Видео) Сиљановска не знае колку чинело патувањето…
Претседателката Сиљановска Давкова не знае колку чини…
Евровизискиот победник Немо најави европска турнеја, но…
Швајцарецот Немо кој победи на овогодинешната Евровизија…
Силен земјотрес во Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според…